Алберт Муслиу: Обвинување за Пуч е сериозна работа – јавноста да дознае кој со тенкови сака да го сруши уставниот поредок
Влегуваме во сериозна политичка криза и таа се зајакнува од нејснотиите кои го следаат целиот овој процес. Има неколку парадокси во целиот овој случај. Прво, имавме обраќање на премиерот Никола Груевски кој тврди дека бил спречен обид за насилно рушење на државата. Од друга страна на еден од осомничените му е одземен само пасошот. Последн пат сме имале државни удари во Романија и во Србија, а главниот елемент во целата приказна јавното обвинителство сеуште не се излезени со детално образолжение. Ова треба да има разрешница. Обвинтелството е тој кој го води случајот.
Барање за техничка влада и предвремени избори не е државен удар. Барањата на опозицијата се јасни уште од првиот ден по изборите.
Според мене, ако е обид за државен удар, надлежните треба да излезат и да кажат што се случува и секако да се продолжи со акцијата. Затоа што, државен удар меѓудругото значи насилство со оружје, тенкови по улици. Дали кај нас се уапси некој генерал или полициски чиновник? Тој дел е нејасен. Во Турција имаше апсења на генерали, полицјаци итн.
Понатаму, се укажа на тоа дека странски служби работеле во земјава, треба да се каже од која држава се и како Македонија ќе реагира. Дали ќе протера некој амабасадор кој давал информации за државен удар? Во нормални држави има и такви разрешници. Не можеме ние како држава да не реагираме ако некоја странска држава ровари.
Трето Заев тврди дека информациите се од локални извори. Четвртото уцената е друга работа. Тоа не е насилно рушење, туку е уцена што е исто кривично дело. Секако и тоа треба да се докаже и овде обвинителството треба да го докаже тоа дело. Се надевам дека целата постапка ќе биде транспарентна. И пето најмалку од се се збореше за содржината на материјалите. За тоа никој не зборува...За мене се битни ставовите кои официјалните лица ги изјавија премиерот, министерката за полиција и Заев како спротивна страна..
Освен премиерот што кажа дека дел од информациите се точно, некои делумно точни, а некои неточни. Симптоматично ми беше што премиерот рече дека Заев му рекол дека нема јавно да ги објави.
Верувам дека сега неминовно сите информации ќе излезат во јавноста. Ќе влеземе во фаза на препукување на двете страни, што е вистина, што не е.
Колку потранспарентен е процесот, толку подобро. Круцијално е обвинителството за вакви сериозни обвинувања пред нас како јавност да не информира со основните работи...
Меѓуетнички тензии
Меѓуетничките тензии зависат од содржината, во овој процес албанските политичари не се директни учесници, така што не знам како може да се случат меѓуетнички тензии. Но, кога ќе почне да се зборува за содржината на „бомбите“, тогаш не знам што ќе се случува, не можам да прејудицирам, оти не знаеме какви материјали постојат.
Слично
