Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанци во петок ќе протестираат против аболицијата на Иванов

Албанци во петок ќе протестираат против аболицијата на Иванов

Во Скопје во петок во  14 часот ќе се одржи протест поддржан од Здружението на поранешни политички затвореници и прогонети Албанци во Македонија, Организацијата на воени ветерани на Ослободителната Народна Армија,   Движење за реформи – ДПА,  граѓанското општество и Националнa Демократска Преродба.

„Ги повикуваме сите Албанци кои се спротиставуваат на ова владеење, кои се чуствуваат слободни, а не заробени, невладини организации, независни интелектуалци, политички партии и сите граѓани кои ја сакаат слободата, правдата, достоинството, напредокот во насока на градење перспектива и среќа, да му се приклучат на овој масовен протест, за да и кажеме „Стоп на овој систем“- стои во известувањето за протестот.

Одлуката на Иванов за аболиција на македонските политичари и нивните слуги Албанци кои го прекршиле законот, кои ја злоупотребиле својата службена должност, се инкриминирани во организиран криминал и корупција, претставува уште еден доказ дека во Македонија постојат двојни стандардни, додаваат организаторите на овој протест.

Слично

Поврзани вести