Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанско знаме ќе се вее на 50 метарски јарбол во Сарај

Албанско знаме ќе се вее на 50 метарски јарбол во Сарај

Само по неколку дена откако во општина Бутел беа поставени темели за 50-метарски крст како и по поставувањето на двоглавниот орел во општина Чаир, денеска беше најавено и поставување на 50-јарбол со албанско знаме во општина Сарај.

Иницијативата за поставување на знамето како и изградбата на нова џамија во Матка ќе се најдат пред советниците на оваа скопска општина, како предлози доставени од здруженија и граѓани.

Ваквата информацијата за повеќе медиуми ја потврдил и  градоначалникот на Сарај Беким Мурати кој најави дека барањето за поставување јарбол со знаме ќе биде ставено на разгледување на Советот на општината.

Инаку, на поставувањето темели за крстот во Бутел протестираше група предводена од високи партиски функционери на ДУИ, но полицијата не дозволи групата да дојде до местото.

Од ДУИ остануваат на ставот да ја спречат изградбата на крстот, преку жалби до институциите, меѓу кои и Управниот суд, а можно е и организирање на референдум. Според најавите, пак, крстот треба да биде готов за два месеци.

Слично

Поврзани вести