Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанските пристаништа ќе ја подобруваат конкурентноста

Албанските пристаништа ќе ја подобруваат конкурентноста
Албанските пристаништа ќе намалат некои трошоци за бродовите, со цел да се натпреваруваат со земјите од регионот и да бидат поконкурентни. Министерот за транспорт, Едмонд Хаџинасто, присуствуваше на годишната анализа на четири пристаништа и рече дека во блиска иднина со новите тарифни модели, ќе се зголеми можноста за конкурентноста на албанските пристаништа во регионот. Тој смета дека е дојдено време да имаат повеќе комерцијален пристап за подобрување на конкурентноста во регионот. Министерот Хаџинасто истакна дека и покрај добрите резултати, предизвикот останува и понатаму да ги подобри услугите, а особено на изготвување на конкретни стратегии за да се зголеми обемот на стоки.  
Слично

Поврзани вести