Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛБАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БЕГАЈ Е ЗАГРИЖЕН ЗА СОСТОЈБАТА НА КОСОВО - на колешката Османи и пренел проблемите да се решаваат со дијалог

АЛБАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БЕГАЈ Е ЗАГРИЖЕН ЗА СОСТОЈБАТА НА КОСОВО - на колешката Османи и пренел проблемите да се решаваат со дијалог

Албанскиот претседател Бајрам Бегај оствари телефонски разговор со неговата косовска колешка Вјоса Османи за „тензичната состојба на северот на Косово“.

Бегај во објава на Фејсбук напиша дека со Османи разговарале и за оставките на претставниците на Српската листа од државните институции во Косово и за блокирање на нивното работење.

– На претседателката Османи и ја изразив мојата загриженост и истовремено го охрабрив продолжувањето на дијалогот меѓу страните, имајќи го предвид зачувувањето на мирот и стабилноста, како и територијалниот интегритет на Косово гарантиран од НАТО, напиша Бегај.

Тој нагласува дека останува голем интересот за евроатлантските интеграции на Косово и на целиот регион на Западен Балкан.

Слично

Поврзани вести