Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанскиот премиер Рама ги бара клучевите не Белград и сака митинг во Прешево!

Албанскиот премиер Рама ги бара клучевите не Белград и сака митинг во Прешево!
Албанскиот премиер Еди Рама на српските власти им испратил предлог-програма за својата планирана посета на Белград. Во програмата тој си предвидел при посетата да му бидат врачени клучевите на градот Белград од страна на белградскиот градоначалник Синиша Мали. Посетата на албанскиот премиер во Белград требаше да се одржува денеска, но е поместена за 10 ноември по инцидентите на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија во квалификациите за Европското првенство. Во програмата за посета на Србија, Рама испланирал да одржи собир во Прешево, а белградскиот градоначалник Мали симболично да му ги врачи клучевите на главниот град на Србија. Српските власти биле зачудени затоа што ниту еден од регионалните лидери до сега не испратил програма на својата посета во Белград без притоа да се консултира со нив. Исто така се смета за невообичаено при дипломатски посети регионалните лидери да држат собири во кои живее мнозинско население од нивниот народ. Албанските власти засега не потврдуваат дека има детален план на посетата, но не негираат дека освен Белград Рама има намера да замине и во Прешево.
Слично

Поврзани вести