Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албански регрутери на борци за ИД добија 126 години затвор

Албански регрутери на борци за ИД добија 126 години затвор

Судот во Тирана, синоќа им пресуди на девет осомничени за поттикнување тероризам, регрутирање и испраќање борци во Сирија, на кои  им е изречена  вкупна затворска казна од 126 години.

Имамите Бујар Хиса и Генци Бала, добија затворска казна од 18 односно 17 години, Герти Пашја доби 17 години, a Зеќир Имери 16 години. Орион Речи, Верви Морава и Едмонд Бала, добија по 13 години затвор, додека Фадил Муслимани и Ардит Тола, 12 и 7 години затвор.

Обвинителството за тешки кривични дела во Тирана, на петти април, побара 152 години затвор за сите нив  со образложение дека поседува доволно докази дека обвинетите, во 2013 година убедувале, регрутирале и испраќале, претежно помлади лица да се борат со џихадистите. Обвинетите се бранеа дека обвинувањата против нив се смешни и неосновани. Тие беа уапсени во март 2014 година.

Слично

Поврзани вести