Албански политичари го поздравија договорот меѓу Косово и Србија за табличките
И Албанија го поздрави постигнатиот договор меѓу Србија и Косово.
Министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка на Фејсбук напиша дека Албанија го поздравува постигнатиот договор во Брисел меѓу Косово и Србија. Taa додава дека продолжувањето на дијалогот е во интерес на соработката.
Истото го стори и претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша, оценувајќи дека ова е важен чекор за намалување на тензиите и еднаков третман на граѓаните од двете страни на границата. Договорено е косовските власти да не ги симнуваат српските регистарски таблички, туку врз нив да ставаат налепници, а косовските специјалци од РОСУ да се тргнат од граничните премини Брњак и Јариње. На овие премини две седмици ќе остане КФОР.
Повеќе европски политичари го поздравија постигнувањето на договорот.
