Албански интелектуалци најавија протест пред СДСМ
Група албански граѓани најавија протест пред СДСМ, бидејќи не се објавуваат разговори со албанските политичари. Во писмото кое го испратија до седиштето на опозицијата, тие бараат да се обелоденат сите дела и ,,недела” кои ги засегаат поспецифично и албанските граѓани.
-Оваа најава прво ја правиме кај вас заради тоа што не сме задоволни до досегашниот процес на објавување на вистините за Македонија и цениме дека има значителна несоодветна застапеност на обелоденување на делата и не делата кои ги засегаат поспецифично албанските граѓани. Освен ова забележуваме небалансираност во досегашниот тек на процесот каде некои индивидуи и субјекти се повеќе осветлени од вистината а некои се уште се завиени во темнината, каде лесно виреат сомнежи и шпекулации - стои во писмото до опозицијата.
Во писмото нема конретен датум и време на протестот, но стои дека тоа ќе се случи во скоро време.
Слично
