Албански државјани во Србија позираа со симболи на „Голема Албанија“
Во јавноста се појави видео на кое се гледаат четворицата албански државјани како се снимаат додека возат по автопат низ Србија, при што упатуваат навреди кон државата.
Ја пцујат Србија, се смеат и се снимаат. На видеото се забележува дека едниот од нив носи црвена маица со картата на „Голема Албанија“.
Во продолжение на истото видео се прикажани и моменти од полициската интервенција, при што припадници на српското Министерство за внатрешни работи ги запираат и приведуваат осомничените лица.
Според официјалните информации, станува збор за А. С. (1989), Е. В. (1984), Е. Г. (1978) и А. Ц. (2005), сите државјани на Албанија, кои се сомничат за сторено кривично дело „поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост“.
Нив им е одреден притвор до 48 часа, по што ќе бидат изведени пред Вишото јавно обвинителство во Белград.
Фото: МВР Србија