Албанската влада со помош од 100 илјади евра за Македонија
Владата на Албанија одлучи на Македонија да и упати 100 000 евра за санирање на последиците во делови од земјата кои се најпогодени од силното невреме, соопшти албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати.
Тој рекол дека и понатаму траат контактите со македонските власти за добивање на информации за штетите, како помошта би можела да продолжи.
„Ова е почетен фонд бидејќи македонските власти уште немаат целосен и јасен биланс за причинетата штета и барања. Албанија е секогаш со Македонија во секој момент“, истакнал Бушати.
Албанскиот државен врв веднаш по трагедијата која ја погоди Македонија изрзи длабоко сочуство и солидарост, како и целосна подготвеност да помогне во санирање на последиците од невремето.
Во силното невреме кое во саботата го погоди Скопје и Тетово е причинета голема материјална штета, а на подрачјето на главниот град загинаа 22 жртви.
