Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанската Влада им објави војна на крадците на струја

Албанската Влада им објави војна на крадците на струја

Кражбата на електрична енергија во Албанија урива рекорди. Според министерот за енергетика и индустрија Дамиан Ѓикнури, минатата година била украдена струја во вредност од околу 140 милиони евра.

Албанските власти најавуваат остра борба против оваа појава, која ја уништува домашната економија.

„Енергијата е регулиран продукт, таа е база на економскиот развој. Како што за човечкото тело е неопходна крвта, така и енергијата е за земјава“, изјави Ѓикнури. Тој побара поддршка од полицијата и обвинителството и се закани со заострување на казнените мерки за крадците на струја.

Ѓикнури најави и опсежна реформа на електроенергетскиот систем, која има за цел да ја подобри услугата кон граѓаните, но и да ги минимизира кражбите и загубите на електрична енергија.

Меѓу должниците за неплатена струја е и албанската Влада, но премиерот Еди Рама вети дека државните и јавните институции наскоро ќе ги подмират сите сметки.

Слично

Поврзани вести