Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанската опозиција собра десетина илјади на протест - Ќе ставиме крај на украдените избори

Албанската опозиција собра десетина илјади на протест - Ќе ставиме крај на украдените избори

Опозицијата во Албанија одржа голем протест во Тирана на кој беше порачано дека повеќе нема да има украдени избори во земјата, а ако нема услови тие воопшто нема ни да се одржат. Слично како акцијата на СДСМ и албанската опозиција најави поставување на шатори за кампување пред владата.

Лидерот на најголемата опозициска сила Демократската партија, Љуљзим Баша во своето обраќањето зборуваше „за еден нов почеток“.

- Денеска донесуваме одлука еднаш засекогаш да и ставиме крај на маскарадата на грабеж на избори. Или ќе имаме слободни избори или избори нема да има! Среден пат нема! Друг пат нема! Избори за фасада, наместени избори, нема да прифатиме. Избори според криминални стандарди нема да прифатиме. Избори со криминалци од власта нема да прифатиме - порача Баша.

Тој додаде дека актуелната Влада ја втурнала земјата во сиромаштија и хаос и „сега кога украде се од вашите џебови и домови, ќе ги украде и изборите“.

- Денеска почнува еден нов почеток, за што има потреба нашата земја. Денеска сме тука за гласно да кажеме дека сакаме слободни и демократски избори, сакаме разграничување на криминалот од политиката, сакаме достоинство, работа, сакаме на преден план да го ставиме интересот на граѓаните. Сакаме една подостоинствена иднина -посочи Баша.

Демократскиот лидер рече дека денеска отвораат нова врата кон иднината и ги повика сите заедно на останат на плоштад.

Слично

Поврзани вести