Албанската опозиција се закани со бојкот на изборите, ако Рама остане на власт
Албанската опозиција категорично ја отфрли можноста да учествува на претстојните парламентарни избори закажани за 18 јуни, ако тие бидат организирани од премиерот Еди Рама.
Во заедничката изјава на сите опозициски партии се вели дека ако изборите не бидат организирани од експертскa влада тогаш тие нема да учествуваат на изборите.
„Постигнавме едногласна одлука да не поднесуваме документи за регистрација и учество на изборите до Централната изборна комисија додека не биде постигнат договор за формирање на експертска влада“, пишува во декларацијата на опозициските партии.
Лидерите им се заблагодарија на учесниците во протестни шатори, кој беа кренати пред околу 40 дена во центарот на главниот град Тирана. Потсетуваме дека лидерот на најголемата опозицона формација - Демократската партија, Љуљзим Баша јавно го обвини Еди Рама за врски со мафијата „Рама и мафијата се едно и тоа нешто се знае во Европа и САД“, рече Баша.
