Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанската опозиција ќе го руши Рама по рецептот на Заев?

Албанската опозиција ќе го руши Рама по рецептот на Заев?

Опозицијата во Албанија, бара техничка влада без премиерот, Еди Рама. 

Лидерот на демократите, Љуљзим Баша од шаторот на демонстрантите кој е поставен пред Владата, ги повика и пратениците на владејачката Социјалистичка партија да му се приклучат на протестот за да се надмине политичката блокада.

„Вчера ги повикав сите да ни се приклучат и оние пратеници од левицата кои имаат трошка свест и храброст. Така како што Албанците го уништија стравот и се обединија да дојдат тука во овој вистински парламент и да не седат во дувлото на криминалот, да не стануваат дел од Парламентот кој е само фасада и од демократијата која е како фасада“ – вели Баша. 

Тој смета дека парламентарните избори во земјата закажани за 18 јуни нема да бидат слободни. Баша кажа дека протестите ќе продолжат сè додека Владата не прифати формирање на техничка влада која би ги организирала изборите.

Рама изјави дека нема да стане плен на игрите на опозицијата која веќе долго време на улиците го демонстрира стравот од ветинг-процесот. 

Европските институции ја повикаа опозицијата да не го бојкотира Собранието.

Слично

Поврзани вести