Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанската економија ита нагоре

Албанската економија ита нагоре
  Гувернерот на Централна банка на Албанија, Ардиан Фулани изјави дека домашната економија лани забележала раст од 3,1 отсто, при што главни сектори биле услугите и трговијата, пренесува дописникот на МИА од Тирана. Албанската влада за лани превидуваше раст во економијата од пет отсто... Презентирајќи го извештајот пред парламентарната комисија за економија, Фулани нагласи дека јавниот долг достигна ниво од 58,1 отсто од БДП, додека буџетскиот дефицит достигна 3,5 отсто.... Што се однесува до инфлацијата и невработеноста во текот на минатата година, тој изјави дека инфлацијата беше 3,5 отсто, додека невработеноста достигна ниво од 13,3 отсто... Според него банкарскиот ситем е стабилен, а се зголеми и кредитирањето.
Слично

Поврзани вести