Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанската амбасада во САД пред банкрот

Албанската амбасада во САД пред банкрот

Албанската амбасада во САД е банкротирана според изјавите на амбасадорот, Гилберт Галанџи кој предизвика дипломатски скандал, откако медиумите го објавија негово писмо во кое тој се жали дека е оставен без пари.  Во писмото испратено до албанското Министерство за надворешни работи и до премиерот Сали Бериша, Галанџи тврди дека дипломатско претставништво е практично банкротирано.

„Откако го рзагледав Буџетот за 2013 година, можам со сигурност да кажам дека тој е нереален и неостварлив. Амбасадата во Вашингтон, која е една од најважните за албанската држава, е оставена без возач, технички персонал и чистачи“, пишува Галанџи во писмото кое го пренесоа албанските медиуми.

Тој се жали дека по покривање на фиксните трошоци, му остануваат само 12 долари со кои треба да ги придружува претставниците на албанскиот државен врв при нивните посети на САД, како и да отпатува до Доминиканската Република каде треба да ги предаде своите акредитивни писма.

Но албанските медиуми откриваат и дека додека Амбасадата пропаѓа, Албанија има договор со две влијателни лоби организации во САД, „Патон Богс“ и „Подеста“, кои работат за промовирање на албанските интереси во Вашингтон. За овие договори, Албанија троши околу 1,5 милиони долари, неколку пати повеќе од трошоците за одржување на Амбасадата, пишуваат медиумите.

Притоа, двете лоби групи помагаат при организирање на средби на албански политичари со американски претставници и пласираат информации и интервјуа поволни за Албанија во американскиот печат.

Слично

Поврзани вести