Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанската „Алијанса против девијација на реките“ е против проектот „Луково Поле“

Албанската „Алијанса против девијација на реките“ е против проектот „Луково Поле“

Денеска во пограничниот град Пешкопеја и во албанскиот главен град Тирана, беа одржани протести против проектот „Луково Поле“ во организација на албанската  „Алијанса против девијација на реките“ .

И на едниот и на другиот протест присуствувале претставници на граѓански асоцијации, при што е побарано албанската влада да не го прифаќа македонскиот проект за реализација на проектот Луково Поле, со кој се зафаќаат дел од водите на реката Радика, за изградба на хидроцентрала.

- Сите Албанци треба да протестираат против ова одлука на македонската влада, порачал на протестот во Тирана поетот Агим Дочи.

На протестот е побарано да се почитува барањето на жителите на Дебар, кои сметаат дека проектот е катастрофален за биодиверзитетот на целиот регион.

Слични барања се искажани и на протестот во Пешкопеја, на 23 километри оддалечен од Дебар, а на кој присуствувал и претставници на локалната власт и граѓански организации од Дебар.

Слично

Поврзани вести