Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛБАНСКА МАФИЈА КРИУМЧАРИ БЕГАЛЦИ ПРЕКУ ЈАДРАНОТ: Со брзи чамци ги превезува до Италија!

АЛБАНСКА МАФИЈА КРИУМЧАРИ БЕГАЛЦИ ПРЕКУ ЈАДРАНОТ: Со брзи чамци ги превезува до Италија!

Албанската мафија инвестирала милиони евра во брзи чамци за криумчарење бегалци, тврди виенскиот дневник Кронен цајтунг.

Откако, како што се наведува, успешното затварање на балканската рута, меѓународните банди на криумчари веќе пронашле нови патишта, а албанската мафија со брзи чамци тоа го прави преку Јадранското море во Италија, наведува весникот повикувајќи се на извори блиски до владата.

Затоа, како што се наведува, Австрија се спрема за воведување на уште построги мерки на граничните контроли како би спречила криумчарење на мигранти на алтернативни патишта преку Италија.

Министерот за одбрана Ханс Питер Доскоцил најавил дека во наредните недели ќе биде завршена фазата на планирање и ќе почнат зголемени контроли на граничните премини кон Италија. Точниот датум на почнување на контролите засега не е соопштен.

Слично

Поврзани вести