Економија, финансии, бизнис

Контакт

AЛБАНИЈА: Зошто просечната плата се намалила?

AЛБАНИЈА: Зошто просечната плата се намалила?

Во соседна Албанија се намалила просечната плата. 

Во Албанија во првото тромесечје  просечната плата била пониска за 2 отсто. Има намалување на платите и во јавниот и во приватниот сектор во однос на крајот на 2023 година. 

„Според државниот институт за статистика, ИНСТАТ, просечната бруто месечна плата во првиот квартал од 2024 година, изнесува 73.641 лека (736 евра) од 75 илјади (750 евра)  на крајот на минатата година. Тоа значи дека просечната плата е помала за  речиси 2 отсто“, објави агенцијата Балкан веб.

Се додава дека намалувањето на платите во првиот квартал од годинава генерално е поврзано со тоа што во последниот квартал многу компании даваат бонуси на вработените, поради што нивната плата е повисока во последниот квартал од годината. Во регионот, од земјите од екс Југославија, Словенија има највисоки плати.
foto freepik.com

Слично

Поврзани вести