Економија, финансии, бизнис

Контакт

Aлбанија запре 100 Грци на граница

Aлбанија запре 100 Грци на граница

На албанско-грчката граница кај Ѓирокастро, на преминот Какавија, албанските власти не им дозволија влез на околу 100 грчки државјани, кои сакаа да присуствуваат на 40-дневниот помен на Костандинос Кацифас.

Полицијата потврди дека меѓу нив има и лица кои Албанија ги прогласи за непожелни личности ден по погребот на Коцифас, поради нивната „неприфатлива, навредлива и опасна“ активност на денот на погребот.

За „персона нон грата“ се прогласени 52 лица на кои им се забранува влез во земјата во период од пет години. Еден од нив е и Панајотис Савидис,новинар на весникот „Прототема“ кому влез не му е дозволен. 

Албанската полиција, покрај зајакнатите безбедносни мерки во Буларат, родното село на Кацифас, како и на националниот пат Ѓирокастро-Какавија, на сите гранични премини има доставено список на лицата на кои им е забранет влез во земјата.

Кацифас(35) е албански Грк, кој поседувал и грчко државјанство, а е убиен во Буларат, во престрелка со полицијата на 28 октовмри годинава.

На поменот за Кацифас во Буларат, се очекува да присуствуваат и неколку стотици грчки државјани.

Слично

Поврзани вести