Албанија возврати на демаршот – Албанците протестираат пред српската амбасада
Албанија остро возврати на демаршот упатен од официјален Белград. Вовозвратниот протест што му бил предаден вчера попладне на амбасадорот на Србија во Тирана Мирољуб Зариќ се изразува негодување заради инцидентите што се случија на фудбалскиот наптпревар Србија-Албанија во Белград. Тој не открива што точно содржат забелешките од албанска страна.
Истовремено, околу 100 млади Албанци од групата која се нарекува „нови патриоти“ протестирале пред српската Амбасада во Тирана. Протестите поминале мирно и без инциденти.
Насобраните носеле црвено-црни маици и транспаренти на албански и англиски јазик, меѓу кои „Црниот орел лета на небото“, „Сите Албанци сме за црвено-црниот национален тим“ и „Горд сум што сум Албанец“. За цело време албанската полиција ја обезбедувала српската амбасада.
„Ги држеа демонстрантите на 50-тина метри. Протестите траеја 20-тина минути, по што демонстрантите си заминаа мирно“, вели Зариќ.
Српските власти вчера за инцидентот на фудбалскиот натпревар упатија демарш до албанска страна.
Слично
