Албанија увезла исто количество храна од Украина, но пет пати поскапо
Националниот завод за статистика на Албанија објави дека во мај оваа земја за 900 тони храна увезена од Украина платила 260 милиони леки.
Истиот месец лани за 224 милиони леки Албанија добила 5.300 тони храна од Украина, што излегува дека цените во меѓувреме станале пет пати повисоки.
Зголемувањето се должи на увозот на масло за јадење и ѓито. Во меѓувреме, Албанија извезла само 25 милиони тони храна во Украина.
Во однос на трговската размена со земјите од регионот, Албанија го продлабочува трговскиот дефицит со Србија, а со Македонија, со која имаше трговски суфицит, состојбата се претвори во дефицит од 400 милиони денари. Причината е високиот увоз на минерали и горива.
Традиционални трговски партнери, Германија и Италија направија разлика со значително зголемување на обемот на трговијата со речиси двојно зголемување, како во увозот, така и во извозот.
