Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанија станува рај за производство на марихуана

Албанија станува рај за производство на марихуана
Во задничка акција на италијанската, грчката полиција и албанската полиција, денеска беа запленети повеќе од еден тон марихуана произведена во Албанија, пред се од селото Лазарат кое е познато и како „фабрика за марихуана“. Запленети се 900 килограми марихуана која била откриена во камион во моментот кога возачот го внесувал во гаража. Полицијата ја продолжува истрагата бидејќи се сомнева дека станува збор за меѓународна организирана шверцерска група. Денеска и грчката полиција, во селото Коуклис, близу грчко-албанската граница, пронашла и запленила четири вреќи со вкупно 106 килограми марихуана но не го открила сопственикот. Истовремено и на граничниот премин Капштица, на албанско-грчката граница кај Корча, албанската полиција запленила 25 килограми марихуна наменета за солунскиот пазар.
Слично

Поврзани вести