Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанија со рекордно производство на струја

Албанија со рекордно производство на струја

Поради  исклучително поволната хидролошка состојба на реката Дрим, Албанија постигнува рекордно производство на струја. Лани е извезена електрична енергија во вредност од 2,5 милиони евра, а за месецов се планира извоз од осум милиони евра.

„Производството на електрична енергија достигна историски рекорд од 30 милиони киловат часови дневно, благодарение на обилните и интензивни дождови, топењето на снегот во планините, но секако и на подготвеноста на ХЕЦ-овите што работат со максимален капацитет, тврдат од албанската електрокорпорација (КЕШ).

Аналитичарите прогнозираат дека во мај,  количеството продадена струја ќе биде поголема од април, поради што само за два и пол месеца КЕШ од извоз ќе инкасира повеќе од 20 милиони евра.

Слично

Поврзани вести