АЛБАНИЈА СЕ ПРАЗНИ: Досега се иселиле 1.7 милиони жители
По падот на тоталитарниот режим соседна Албанија ја напуштиле околу 1,7 милиони луѓе.
Државниот Институт за статистика потврдува дека вкупниот број албански граѓани кои живеат во странство изнесува околу 1,7 милиони. Само лани земјата ја напуштиле 47.000 со што албанската дијаспора се зголемила за 2,6 отсто само за една година
„Со економската криза од 2008 година, либерализацјата на визниот режим со земјите членки на ЕУ во 2011 година и недостигот на економски просперитет, новиот бран емиграција силно се врати во 2015 година, кога околу 69.000 Албанци побараа азил во земјите-членки на ЕУ“, пренесува Топ чанел телевизија.
Во претходното истражување за емиграцијата, ИНСТАТ објави дека во периодот 2011 – 2019 година Албанија ја напуштиле повеќе од 360.000, при што главната причина е од економска природа.
Меѓународната миграција има силно влјание во промената на популацијата во последните две децении.
Додава дека главната причина за падот на бројот на населението во последните два пописа беше големата емиграција на албанските граѓани.
Според податоците на ИНСТАТ објавени на почетокот на оваа година бројот на резистентно население во Албанија е повеќе од 1,4 милиони.
Македонија, Албанија и БиХ се трите најсиромашни држави во Европа, според Евростат.