Албанија: Се готви меѓународна арбитража за спорот со ЧЕЗ
Владата на Албанија ќе бара меѓународна арбитража за спорот со ЧЕЗ поради одземањето на лиценцата на чешката електроенергетска компанија. Како што најави албанскиот заменик-министер за енергетика Ено Боздо, државата ќе ги искористи сите законски средства за да добие обесштетување од ЧЕЗ. Лиценцата за стопанисување со енергетскиот систем во земјата на ЧЕЗ беше одземена од страна на албанската регулаторна комисија поради непридржување кон договорот со Владата на Албанија. О Регулаторна елат дека ЧЕЗ не ги исполнила обврските од договорот кои се однесуваат на увозот на струја и на инвестиции во модернизацијата на албанскиот електроенергетски систем. Комисијата смета дека поради ова ЧЕЗ е должна да и исплати отштета на Албанија. Со одземањето на лиценцата, се очекува ЧЕЗ да загуби најмалку 200 милиони евра.
