Албанија се гасифицира, ќе се гради Трансјадранскиот гасовод
Албанската Влада го усвои Договорот за „Трансјадранскиот гасовод“ (ТАП), кого премиерот Сали Бериша го оцени како историски чекор.
Бериша веќе најави дека за време на третиот мандат на владеење, како што рече, демократите ќе ја гасифицираат Албанија.
Со Договорот, склучен меѓу Албанија, Грција и Италија, се предвидува изградба на гасоводот преку кој ќе се траспортира гас од Каспиското Море во западна Европа.
Вкупната инвестиција за ТАП, изнесува 41 милијарди долари.
Слично
