Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛБАНИЈА ПРВА ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ ЗА ТУРИСТИТЕ: Нема ниту ПЦР, ниту други услови

АЛБАНИЈА ПРВА ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ ЗА ТУРИСТИТЕ: Нема ниту ПЦР, ниту други услови

Албанија ги отвори своите граници за туристи без никакви услови поради пандемијата на корона вирусот. Во соопштението на албанското Министерството за надворешни работи се прецизира дека негативен тест за Ковид-19, или какви било посебни документи, нема да бидат потребни за влез во Албанија.

Исто така се наведува дека границите на Албанија ќе бидат отворени за сите албански и странски државјани за време на туристичката сезона.

Од 1 јуни веќе не е задолжително да се носат маски на отворено, но се задолжителни во затворени простории и на места каде што не е можно да се одржува социјална дистанца.

Времето на полициски час е скратено и сега трае од 23 до 6 часот наутро.

Одлучено е и дека од 15 јуни ќе биде дозволено собирање до 15 наместо до 10 лица, а од 1 јули се планира уште повеќе да се скрати полицискиот час, односно да биде од 24 до 6 наутро, а ќе бидат дозволени сите спортски и културни настани за јавноста со капацитет до 30 проценти.


Слично

Поврзани вести