Албанија почна чистка меѓу своите дипломати
Албанскиот министер за надворешни работи и европски прашања, Гент Чакаи, започна сеопфатно "чистење" на албанските дипломатски мисии низ целиот свет.
Според официјалните информации, досега се повлечени 28 лица од дипломатските мисии на Албанија.
Меѓу сменетите се и двајца дипломати во амбасадата на Албанија во Атина - Флоријан Нова и Енкелеида Риза, како и конзулот на амбасадата Артур Порпологу.
Во моментов во амбасадата е само амбасадор Арди Хобдари против која е поднесена дисциплинска постапка поради скандалот со исчезнати 100 албански пасоши. Во Тирана се вратил и дипломатот Берта Дерхими, која е дел од албанската мисија во Европската унија, како и конзулот во Унгарија, Марин Мекси, конзулот во Данска, Марс Чиџо и советникот во амбасадата во Лондон, Пранвера Скана.
„По преземањето на оваа позиција пред осумдесет дена, создадов работна група со детали за човечките ресурси на дипломатската служба на Албанија. Некои од оние кои се вратени во Тирана ги надминаа очекувањата за дипломати, додека други не се на потребното ниво“, рекол Чакај, пренесуваат медиуми од регионот.
Што се однесува до серијата од промени во дипломатските мисии, поранешниот министер за надворешни работи и познатиот универзитетски професор Арта Даде изјави дека "она што го прави министерот Чекај, е нелегално". Познатиот албански адвокат и поранешен министер за правда Спартак Нжела ја оцени позитивно оваа промена, велејќи дека „земјата страда од мртва дипломатија и дека амбасадите се срам пред Бога“.
