Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанија ова лето со намален број на туристи

Албанија ова лето со намален број на туристи
Во периодот јануари-август Албанија ја посетиле над 2,5 милиони туристи, што е за 236.462 туристи помалку споредено со истиот период лани. Далеку под очекувањата беа месеците мај и јуни и јули, кога поради изборите, нестабилното време и месецот на постот Рамазан, плажите на албанското крајбрежје беа речиси празни. Затоа пак во август сместувачките капацитетите беа преполни, а бројот на туристите споредено со истиот месец лани бил поголем за 62.222 странски туристи. Во вкупниот број туристи се вбројуваат и емигрантите кои во родниот крај масовно доаѓаат за новогодишните и божиќните празници, како и за летниот одмор. Најголем број од странските туристи се од Косово, потоа од Македонија, а ги има и од други европски земји,Чешка, Холандија, Франција.
Слично

Поврзани вести