Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛБАНИЈА ОТВОРИ НОВ КЛАСТЕР: Марта Кос ја пофали земјата дека врши импресивна работа

АЛБАНИЈА ОТВОРИ НОВ КЛАСТЕР: Марта Кос ја пофали земјата дека врши импресивна работа

Албанија отвори нов кластер во преговорите за членство во Европската Унија(ЕУ). 

Станува збор за кластер 4, кој се однесува на зелената агенда и одржливата поврзаност и вклучува четири поглавја за преговори: транспорт (14), енергија (15), трансевропски мрежи (21) и климатски промени (27).

„Албанија врши импресивна работа. Ако продолжи со ова темпо, ќе ги отвори сите кластери оваа година“, изјави комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос. 

Во октомври минатата година беше отворен Кластер 1, кој се однесува на основните права, а во декември беше отворен Кластер 6, кој ги опфаќа надворешните односи, додека уште два беа отворени во април и март оваа година.

Најавите се дека до 2030 година Албанија ќе влезе во ЕУ, а можно е тоа да се случи и порано во 2027 година. 

Слично

Поврзани вести