Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанија очекува раст од 4 отсто - кои сектори се клучни за економијата?

Албанија очекува раст од 4 отсто - кои сектори се клучни за економијата?

Албанската Влада очекува просечен раст на економијата од 4 отсто.

Албанската влада ја објави економската програма за 2026-2028 година, во која предвидува јавниот долг во однос на БДП да продолжи да се намалува.

Во програмата се предвидува јавниот долг од 54,1 отсто од БДП во 2025 година, да се намали на околу 53,6 проценти во 2026 година. Се очекува јавниот долг да се намали на околу 52,2 проценти во 2027 година и понатаму на околу 46,4 проценти до 2031 година.

Покрај фискалната консолидација, целта е да се одржи здрав сооднос на буџетските расходи и јавните инвестиции, кои се насочени да бидат над 6 проценти од БДП во секоја буџетска година. Туристичкиот сектор останува еден од главните двигатели на економскиот раст во Албанија. 

Се очекува услугите да достигнат просечна годишна стапка на раст од 5,4 проценти во истиот период, со просечен придонес од 2,7 процентни поени годишно. Следно е градежништвото, а потоа индустријата. Се очекува влијанието на земјоделскиот сектор врз економијата да остане минимално во наредните години. 

foto Wikipedia/Colin Skidmore

Слично

Поврзани вести