Албанија објави податоци за разузнавачите и предизвика тревога од највисок степен во НАТО
Албанското министерство за финансиии од немарност предизвика тревога од највисок степен во НАТО откако без да знае дека не смее така да постапи со класифицирани податоци објави информации за трошоците на разузнавачите, имиња и презимиња, нивните пасоши, возила, дневници, регистрациски броеви и др. објави „Индипендент“.
Тоа предизвикало паника во НАТО, чија мрежа е интегрирана со онаа на албанската разузнавачка служба ШИШ по приемот на Албанија во евро-атлантскиот сојуз.
Податоците биле објавени во рамките на редовниот годишен финансиски извештај и завршна сметка, нешто пто не смеело да се случи и морало да биде „заштитено“.
ШИШ директно му одговара на албанскиот премиер Еди Рама,а поделена е на пет структури - оперативна, надворешно разузнавање, контраразузнавање, антитероризам и служба за борба со организиран криминал.
