Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанија набави бесплатни брзи тестови за туристи

Албанија набави бесплатни брзи тестови за туристи

Западниот сосед набави брзи тестови за оние кои ќе летуваат кај нив, а ќе се пожалат на симптоми на коронавирус. 

Во Албанија се обезбедени бесплатни брзи тестови за туристи кои ќе се пожалат на симптоми на коронавирусот. 

Во секоја летна здравствена амбуланта во крајбрежните и планинските туристички области, се нуди 24-часовна услуга за секоја итна медицинска помош, како и бесплатен брз тест. На располагање е и бесплатниот телефонски број 127.

„Во случај на појава на некој од симптомите, одете во најблиската здравствена амбуланта. Заедно, да го ограничиме ширењето на коронавирусот, за безбедна туристичка сезона“, напиша министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу на Фејсбук. 

Четири дена по ред нема починат од коронавирусот. 

Македонците без тест и без вакцина можат да патуваат и во Црна Гора. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести