Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанија ноќва се стресе, земјотресот почуствуван во западна Македонија

Албанија ноќва се стресе, земјотресот почуствуван во западна Македонија

Сеизмолошкиот завод на Црна Гора рано утрово регистрирал земјотрес од средна јачина со епицентар 30 километри северозападно од Пешкопеја во Албанија.

Интензитетот на земјотресот, кој се почуствувал и во Црна Гора, во епицентарот изнесувал 4,6 единици по скалата на Рихтер, што е еднакво со епицентралниот интензитет од шест степени по Меркалиевата стала на земјотреси.

Земјотресот кој се случил околу 3 часот ноќеска, е лоциран на длабочина од 13 километри, соопштено е од Сеизмолошкиот завод на Црна Гора.

Земјотресот е почуствуван и во западниот дел од Македонија, поточно во Дебар каде жителите видно исплашени ги напуштале своите домови.  Засега нема инофрмации за причинети штети во епицентралното подрачје.

Слично

Поврзани вести