Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанија на пат да стане картел држава

Албанија на пат да стане картел држава

Лидерот на албанската опозиција продолжи со обвинувањата за тежок криминал во Албанија пред се со црниот бизнис со производство и продажба на дрога. Според неговите информации Албанија се наоѓа на „црната листа“ на САД на земји во кои најмногу има перење пари од дрога и други криминални активности.

– Американскиот Стејт департмент годинава првпат Албанија ја стави на црната листа на главните земји во светот каде се перат пари и каде е констатирано дека банките вршат трансакции на големи суми добиени од меѓународна трговија со наркотици, изјави Баша.

Според лидерот на најголемата опозициска партија во Албанија, извештајот на Стејт департментот само ги потврдил обвнувањата на опозицијата за вмешаноста на Владата на албанскиот премиер Еди Рама во трговија со дрога.

Баша посочи дека во август 2017 година во друг меѓународен извештај за перење пари, Албанија била на третото место во светот со што прераснува во картел држава.

– Владата на Рама тоне во криминал, а тоа негативно се одразува врз приливот на странски инвестиции, кои во изминатите четири години воопшто ги немаше, обвини Баша.


Слично

Поврзани вести