Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛБАНИЈА: Масовни протести заради економската состојба

АЛБАНИЈА: Масовни протести заради економската состојба
Десетици илјади албански граѓани денеска излегоа на протестите организирани од албанската опозиција, за да го искажат својот револт од економската политика на Владата. Демонстрантите тврдат дека владините економски политики водат кон зголемување на даноците и на цената на струјата, како и до раст на невработеноста. Според полициското соопштение, иако масовни, протестите поминале мирнп. Градоначалникот на Тирана Љуљзим Баша, лидер на опозициската Демократска партија, ги обвини владејачките социјалисти дека ја туркаат земјата во рецесија. Пратениците од оваа партија уште од септември го бојкотираат парламентот, бидејќи како што велат, коалициската влада ги игнорира нивните барања. Социјалистичката партија на Еди Рама е на власт од јуни 2013 година и вети дека ќе отвори нови работни места. Невработеноста во земјата сепак остана на ниво од 17,7%.  
Слично

Поврзани вести