Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанија ќе прими 2.000 бегалци од Авганистан?

Албанија ќе прими 2.000 бегалци од Авганистан?

Денес се појави информација дека Албанија ќе прими 2.000 бегалци. Тие ќе бидат привремено во земјата и поголемиот дел од нив ќе бидат сместени во касарните во градот Драч. Но, ќе бидат отворени и хотелски капацитети.

Грција која исто така е членка на НАТО ќе прими само неколку бегалци. 

„Грција не може да стане „порта“ кон Европската унија за Авганистанците кои бегаат од конфликтот во својата земја“, рече денеска министерот за миграции Нотрис Митарачи повикувајќи се на заеднички одговор на ЕУ за кризата.

Бегалци ќе прими и Косово, но точна бројка нема. 

За Македонија, иако се споменуваше бројка од 186 бегалци, денес беше спомената поголема бројка на бегалци кои ќе бидат прифатени. 

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека Америка им е сојузник и дека нема да кажат „не“. 

Слично

Поврзани вести