Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти

Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти

Соседна Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти во три стратешки региони. 

Албанската Влада официјално го одобри Националниот план за непредвидени ситуации за мешани миграциски текови за периодот 2026-2028, стратешки документ кој има за цел да ги подготви албанските институции да се справат со зголемените миграциски текови на територијата на земјата. 

Одлуката е донесена врз основа на член 100 од Уставот, а по предлог на министерот за внатрешни работи, додека нејзиното спроведување е доверено на Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за образование, структурите за цивилни вонредни состојби, како и други државни институции.

Прифатните центри нема да се градат концентрирано во еден град, туку ќе бидат распределени според мапата на миграциските текови и главните премини. Поточно, во југоисточните и јужните гранични региони, главно во Корча, Ѓирокастро и Валона, објавија медиумите.

Според документот во Албанија е предвидено формирање прифатни центри со фокус на мигранти од Авганистан, Пакистан, Иран, Сирија, Либан и Газа, кои ги користат Албанија и Србија како транзитна траса кон Грција.

„За поддршка на локалната самоуправа на Албанија, во период кога миграциските феномени добиваат сè поголеми размери и влијаат врз социјалните, економските, политичките и културните димензии на многу земји, Албанија како земја во Западен Балкан не е исклучена од овие случувања“, додаваат медиумите.

Во документот се наведува дека целта е да ги подготви сите централни и локални институции и структури за успешно справување и управување со кризата на мешани миграциски текови, за кои се очекува да се зголемат, на границите и територијата на Албанија.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести