Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанија ќе го вакцинира косовскиот здравствен персонал

Албанија ќе го вакцинира косовскиот здравствен персонал

Албанија ќе ги вакцинира косовските здравствени работници. 

Албанија ќе ја преземе вакцинацијата на целокупниот здравствен персонал на Косово, најави албанскиот премиер Еди Рама. Тој  вчера, од Турција донесе пратка од 192.000 вакцини од кинеско производство.

„Сега имаме можност да дадеме директна порака до Косово, до нашите браќа и сестри таму, подготвени сме веднаш да ја преземеме вакцинацијата на белите мантили на Косово. Таму има 11.000 здравствени работници и за 20 дена сме подготвени да ги вакцинираме сите. Ако сакаат да го организираат процесот и побрзо да дојдат во Кукс, нема проблем, тоа може да се направи за побрзо време, а ние ќе обезбедиме вакцинација до полноќ, три смени дневно“, рече Рама. 

Во северниот албански град Кукс вакцинирани се 500 косовски здравствени работници од Приштина. Во регионот и пошироко, Србија е лидер во процесот на имунизација. 

Иако деновиве многу граѓани од соседните земји пристигнаа во Србија на вакцинација, за време на викендот се очекува масовно пристигнување на граѓаните на Црна Гора и Босна и Херцеговина на саемот во Белград.

Слично

Поврзани вести