Албанија ќе ги чува своите пари со забрана за коцкање на интернет
Забрана за пристап до сите странски интернет страници за коцкање планира да воведе Албанија во обид да го спречи одливот на пари од земјата. Премиерот Еди Рама најави дека албанската Влада ќе подготви закон, што ќе ги блокира странските страници за коцкање, каде Албанците трошат меѓу 500 и 700 милиони евра годишно, според пресметките на албански и странски експерти. Властите досега извршиле проверка на околу 1.300 казина и објекти за игри на среќа, по што голем број од нив беа затворени.
Слично
