Албанија ќе дозволи производство на медицински канабис
Албанскиот премиер Еди Рама најави дека ќе биде одобрена употребата на канабис во медицински цели во Албанија.
Зборувајќи за медицинската употреба на канабисот, Рама рече: „Ќе постапиме како што велат граѓаните. Дефинитивно ќе одобриме канабис за медицинска употреба“.
Потенцирајќи дека по ова прашање нема дилема, Рама рече „Што и да кажат граѓаните ќе се направи, нема дискусија“.
Според податоците на албанската влада, во истражувањето спроведено во рамки на иницијативата „Национално советување“, 61 отсто од граѓаните позитивно одговориле за контролираното производство, развој и извоз на медицински канабис во Албанија, додека 29 отсто од граѓаните се спротивставиле. .
Во анкетите во рамки на оваа иницијатива спроведена во периодот јануари-март учествуваа 563 илјади 195 граѓани и го кажаа своето мислење за различни прашања.
Преку иницијативата има за цел да се добијат мислења од граѓаните за различни прашања како економија, надворешна политика, вработување, борба против криминалот.
