Албанија ќе бара формирање на армија на Косово во соработка со НАТО
Официјална Тирана ја поддржува иницијативата на Косово за формирање на своја армија.
Претседателот на Албанија, Бујар Нишани по тој повод изјавил дека Косово е независна држава и треба да има своја армија.
Албанија е членка на НАТО и ќе бара формирање на армија на Косово во соработка со НАТО. Сепак, како што рекол албанскиот преседател, тој не верува дека војската на Косово ќе може да се гради успешно ако тоа не се направи во сорабвотка со НАТО и со асистенција на САД.
„Една држава за да има своја сигурност има потреба да ги има сите потребни институции, меѓу кои и своја војска. Сега има безбедносни сили на Косово, но таму се и силите на НАТО, како и сили на САД“ - изјавил Нишани.
Србија е против формирање на војска на Косово. Косовскиот претседател, Хашим Тачи оцени дека Белград би можел да се согласи на формирање на војска на Косово затоа што меѓународната заедница, доколку сака, би можеле да го убеди „за пет минути“.
