Албанија ја зголеми минималната плата
Соседна Албанија од септември го зголеми износот на минималната плата за 9,5 отсто, а за шест проценти ќе бидат повисоки пензиите, како дел од антикризните мерки. Минималната плата се зголемува за 2.000 лека (17 евра) и ќе изнесува 34.000 лека (284 евра).
Околу 900.000 граѓани ќе имаат корист од зголемувањето на минималната плата и индексирањето на пензиите. Ова се мерки преземени во вториот социјален пакет за справување со поскапувањето, што погоди доста албански семејства, особено оние со ниски плати.
foto freepik.com/johan111
Слично
