АЛБАНИЈА ЈА КРИВИ МАКЕДОНИЈА: Бегалците сакаат да транзитираат преку Албанија во Европа!
Голема група сириски бегалци чека да влезе на албанска територија. Ова го соопшти албанскиот министер за интеграцијата Клајд Гјоша.
Според него големиот број на најголемата група на бегалци по албанската граница е последица од одлуката на Македонија да го забрани влезот од Грција на наша територија на лица од Авганистан, како и од построгите гранични проверки за Сиријците и Ирачаните од страна на македонските власти.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/zolinphoto/status/702887504643551232?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Министерот не го наведе точниот број на бегалци кои се насобрале на албанската граница.
Албанија, која има заедничка граница со Грција, како и Македонија, досега не беше опфатена со бегалската криза. Албанија не се користеше од мигрантите како транзитна земја на патот кон Европа.
Од јули месец минатата година албанската полиција уапси неколку лица кои се обидоа да влезат од Грција на албанска земја.
Спомнуваме дека вчера албанските власти уапсија група од 12 Пакистанци во јужниот дел на земјата, на околу 250 километри од главниот град Тирана. Тие влегле од Грција и сакале да продолжат патот за Европа преку Црна Гора.
