Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанија издаде еврообврзница со камата од 3,75 отсто

Албанија издаде еврообврзница со камата од 3,75 отсто


Албанија обезбеди еврообврзница во висина од 650 милиони евра, како што соопшти Владата,како што предвидува специјалниот закон  Заемот ќе биде десетгодишен со каматата од 3,75 проценти. 

Се чини дека интересот на инвеститорите за Албанија овојпат е намален во однос на претходната еврообврзница. Тоа јасно го покажува извештајот за покриеност. Ако во еврообврзницата од 2020 година овој коефициент беше околу 5 пати, од 650 милиони евра што ги најави Владата, побарувачката на инвеститорите беше 3,2 милијарди евра.

Годинава коефициентот на покриеност беше само 1,8, односно за 650 милиони евра, Понудата од инвеститорите за финансирање изнесуваше само 1,2 милијарди евра. 

Сепак,каматата се смета за голема во однос на останатите земји од опкруќувањето. Македонија издаде еврообврзница од 700 милиони евра, со рок на траење од 7 години и најниска историска каматна стапка од 1,62 проценти. 

Во февруари 2021 година, Хрватска издаде две еврообврзници во вредност од 2 милијарди евра на пазарите на капитал со каматна стапка од 1,257птсто.

И Србија во септември на пазарите на капитал издаде милијарда евра. Каматата беше најниска досега за 7-годишна зелена еврообврзница, која изнесуваше 1,26 отсто.


Слично

Поврзани вести