Албанија – Италија се појави како нова маршрута за имигрантите
Ако дојде до затворање на границите на Балканот, шверцерите на луѓе може да отворат нов пат за мигрантите - овој пат низ Албанија до Италија.
Ова стравување го изразиле во Европската унија, пренесоа агенциите, повикувајќи се на неименуван европски извор.
„Постои опасност Албанија-Италија да стане нов пат за мигрантите во зима“, изјавил изворот.
Ројтерс потсетува дека пред две децении овој 80-километарски пат беше употребен масовно од Албанците во хаосот во нивната земја по распадот на комунистичкиот режим. Овој пат е многу пократок, но и доста опасен.
На мини самитот во Брисел вчера присуствуваше и албанскиот премиер Еди Рама.
Слично
