Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛБАНИЈА ИМА ШАНСИ ГОДИНАВА ДА ГИ ОТВОРИ СИТЕ КЛАСТЕРИ: Кос вели дека прозорецот на можности можеби нема да биде отворен засекогаш

АЛБАНИЈА ИМА ШАНСИ ГОДИНАВА ДА ГИ ОТВОРИ СИТЕ КЛАСТЕРИ: Кос вели дека прозорецот на можности можеби нема да биде отворен засекогаш

Aлбанскиот премиер Еди Рама вели дека Албанија никогаш не била поблиску до Европската Унија(ЕУ). 

„Никогаш не сме биле поблиску до остварување на една вековна аспирација. Од друга страна, ми е драго што има позитивна атмосфера во овој правец. Многу сме блиску. Никогаш не сме биле поблиску, и навистина верувам дека ќе ги исполниме сите наши обврски, како што сме ги договориле роковите со Европската комисија, и заедничкиот план целосно ќе се реализира“, вели Рама.

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос изјави дека сега постои јасен консензус за проширување, но и дека прозорецот на можности можеби нема да биде отворен засекогаш.

За Албанија ја потенцираше отворањето на три кластери во последните шест месеци, а додаде дека ако се продолжи со ова темпо, постои можност до крајот на годината да се отворат сите кластери, а наесен да се отвори и последниот.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести