Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанија и официјално кандидатка за членство во ЕУ – Филе и честиташе

Албанија и официјално кандидатка за членство во ЕУ – Филе и честиташе
Албанија доби статус на земја-кандидат за членство во Европската унија. Советот на ЕУ денеска ја прифати препораката на Европската комисија и на Албанија и го додели истиот стстус каков што има Македонија во моментов. Единствената разлика е што Македонија има препорака за почеток на преговорите од Европската комисија, но без никакво навестување кога тие би можеле да започнат. „Ова е јасен чекор за напредок во односите помеѓу ЕУ и Албанија, како одраз на напредокот што земјата го постигна во европската интеграција и во спроведувањето на неопходните реформи. Денешната одлука ја потенцира континуираниот и веродостојна посветеноста на ЕУ за поддршка на Албанија во нејзините напори за оваа цел“, пишува во соопштението од Брисел. Прв напредокот на Албанија и го честиташе еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Уште пред веста да биде официјално објавена, Филе на Твитер напиша: „Честитки на Албанија за кандидатскиот статус кој тукушто го потврдија министрите, признание за реформските напори и охрабрување да се продолжи со нови“. И покрај кандидатскиот статус, Албанија се уште нема одреден датум кога ќе ги започне преговорите, но Тирана очекува тоа да го добие многу скоро.  
Слично

Поврзани вести